24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ги лажира податоците за економскиот раст?

Турција ги лажира податоците за економскиот раст?

Турската економија оствари раст од пет проценти? Со оглед на состојвбата во таа земја, не мора да бидеш експерт за да се посомневаш во самофалењето на Ердоган, вели еден економски експерт.

Па дури и тој раст да постои, прашање е колку ќе потрае?

Турската економија во првиот квартал од оваа година остварила раст од пет проценти, се вели во официјалната објава на тамошниот завод за статистика Туркстат. Тоа секако е одличен резултат, толку добар што економскиот експерт Герет Џенкинс не може да сфати како турските статистичари воопшто дошле до тој резултат.

Џенкинс е економски експерт кој работи за Институтот за безбедносна и развојна политика во Стокхолм, а живее и работи во Истанбул уште од крајот на осумдесетите години.

Тој сериозно предупредува дека во Турција се врши обид за лажирање на податоците за економскиот раст.

„Минатиот декември турскиот завод за статистика одеднаш го промени начинот на кој се мерат економските показатели. Така преку ноќ на турската економија и стана многу подобро отколку што всушност во тоа веруваа сите аналитичари и експерти. Ние всушност се уште не можеме да разбереме како Турците воопшто пресметале и добиле толку добри резултати“, потенцираше тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП