25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways сака 10% од American Airlines

Qatar Airways сака 10% од American Airlines

Арапскиот превозник „Qatar Airways“ подготвува понуда за купување на удел од најголемата американска авиокомпанија „American Airlines“.

Како што објави „American Airlines“ во четвртокот преку порака до Комисијата за хартии од вредност и берзански операции во САД (SEC), во разговори со американските колеги, катарските менаџери изразиле интерес за купување на удел од 10% во „American Airlines“. Катарците веќе поднеле документи за потребните одобренија од страна на американските власти. Во Управниот одбор на „American Airlines“ сепак не добиле известување од страна на „Qatar Airways“ за можно поголемо стекнување на партиции, како што се бара според корпоративното право.

Авиокомпаниите од арапскиот регион играат поголема силна улога во индустријата. Западните конкуренти сепак контрира дека тоа е можно само благодарение на државните субвенции.

„American Airlines“ повеќепати истакна на инсистирање дека во небото треба да има фер конкуренција. Компанијата сметала дека и американската влада на Доналд Трамп се залага за овој принцип.

„Qatar Airways“ учествува со речиси 20 проценти во европскиот воздухопловен холдинг „IAG“ со „British Airways“ и „Iberia“.

Акциите на „American Airlines“ заебележаат раст во берзанската сезија со над 5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП