18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОфицијално: Бизнисoт престана да инвестира во Велика Британија

Официјално: Бизнисoт престана да инвестира во Велика Британија

Човекот одговорен за британската економија, предупреди дека несигурноста околу Брегзит е причина за замрзнување на инвестициите во земјата.

„Голем дел од инвестициите на бизнисот се одложени додека не стане појасно каков ќе биде исходот од Брегзит“, рече британскиот министер за финансии Филип Хамонд во телевизиско интервју, пренесува „CNN“.

Ова не е единственото предупредување во врска со инвестициската средина. Истражување на „Bank of America Merrill Lynch“ покажува дека инвестициите на Островот се паднати до 3-годишно дно кон крајот на последниот квартал на 2016-та година.

Анкета на „Bank of England“, спроведена меѓу 700 компании, исто така покажува дека нејасноста околу Брегзит провоцира некои компании да ги одложат инвестициските намери.

Британската влада ги започна формалните разговори за разделбата со Европската унија на почетокот на оваа недела.

Сепак се уште не е јасно на што точно се надева премиерот Тереза ​​Меј пред времето за преговори да истече во март 2019-та година. Меј веќе вети целосен излез од ЕУ, но тоа беше пред последните парламентарни избори во земјата, кои ја чинеа мнозинството во парламентот.

„Ако го напуштиме единствениот пазар и царинската унија, цената на сето ова ќе биде значајна“, вели Вики Прајз, економист во Центарот за економски и бизнис истражувања. „Бизнисот е многу растревожен“, додава аналитичарот. Најголемиот страв на корпоративните лидери е отцепувањето на Велика Британија без постигнување на договор. Во ова сценарио тие ќе се соочат со нови бариери и огромно количество бирократија.

Според Филип Хамонд договарањето на транзитниот период ќе им помогне на компаниите да се прилагодат полесно кон животот надвор од ЕУ.

„Колку порано му го дадеме на бизнисот тоа успокојување, толку побрзо бизнисот ќе почне да инвестира повторно“, рече Хамонд.

Иако во деновите по референдумот за излез од ЕУ беа објавени некои големи инвестиции во областа на технологијата, се чини дека овие намери се повеќе бледнеат.

Неколку големи банкарски институции веќе соопштија дека ќе ги преселат своите операции надвор од Велика Британија. Нискотарифната авиокомпанија „Ryanair“ посочи дека ќе ги пренасочи своите инвестиции кон земји, различни од Островот.

Германскиот производител на автомобили „BMW“ размислува да произведува електрични возила некаде низ континентална Европа за сметка на својата фабрика во Велика Британија.

„Има одредени договори, главно поради евтината фунта, која се искористи од странските компании, но тие се мали, со оглед на реалните инвестиции“, вели Прајз.

Гувернерот на „Bank of England“, Марк Карни исто така, изрази загриженост од случувањата околу Брегзит. Според него, Велика Британија е во поволна позиција, бидејќи земјата увезува повеќе стоки отколку што извезува.

„Велика Британија се потпира на добронамерност од страна на непознати во време во кое ризиците околу трговијата, инвестициите и финансиската фрагментација се зголемуваат“, посочи банкарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП