25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаника: Криптовалутата “Etereum” падна од 300 долари на 0

Паника: Криптовалутата “Etereum” падна од 300 долари на 0

Дигиталната валута “Etereum” доживеа слободен пад, при што цената на криптовалутата паднала од 296 долари на дури 0,10 долари.

После падот, цената полека почна да се зголемува до 13 долари.

Што се случило?

Очигледно, се започнало поради падот на “GDAKS”- една од водечките берзи за тргување со “Etereum”. Оваа берза објави дека “необично” големата нарачка за продажба предизвика пад на цената.

Налогот за продажба кој се мери во мултимилиони долари предизвика почетен пад на цената, но вистинскиот проблем бил домино ефектот кој уследил.

Почетниот пад се одрази на продажните налози , каде инвеститорите кои тргуваат со позајмени пари ги затворија своите позиции како би ја спречиле загубата.

Всушност, за толку голем налог за продажба на “Etereum”, немало доволно купувачи, па цената паднала во моментот кога програмерите кои ја вршеле купопродажбата се обидувале да најдат цена по која купците се расположени да влезат, односно да ги поплнат понудените налози.

Аналитичарите велат дека е класична паника на пазарот.

“Веројатно некој со малку искуство се обидувал да се издигне од другата страна или пак, може да станува збор за некој фонд кој манипулира со пазарот, така што свесно го сруши “Etereum” и така направи паника”, велат аналитичарите.

Од “GDAKS” уште додаваат дека според нивната почетна истрага не покажуваат никакви грешки во системот.

Инаку “Etereum” во последно време сериозно се закануваше да му ја загрози славата на Биткоинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП