28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите од ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци

Санкциите од ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци

Лидерите на земјите членки на Европска унија (ЕУ) ги продолжија санкциите кон Русија за уште шест месеци поради непочитувањето на договорот од Минск, соопшти претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Постигнавме договор. ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија“, напишал Туск на Твитер.

Откако лидерите на земјите членки на ЕУ ја донесоа одлуката, санкциите официјално ќе бидат продолжени наредната недела.

ЕУ воведе санкции кон Русија пред три години кога жителите на Крим, на референдум, одлучија полуостровот да стане дел од Русија, за што Брисел ја обвини Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП