23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: ЕУ не е самопослуга

Макрон: ЕУ не е самопослуга

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, во првото интервју за медиумите во Европа истакна дека сака да ја предводи „европската преродба” преку создавање на Европската унија што инспирира и што подобро ќе се грижи за своите граѓани.

Тој рече дека целосно верува во нова ера на обновена соработка меѓу Париз и Берлин во насока на заживување на европскиот проект, не само во тмурните конференциски сали, туку и во главите на луѓето. Како најголем предизвик и почетна позиција во својата надворешна политика тој го посочи справувањето со “кризата што ги погоди западните демократии”.

„Денес, кога ќе ја погледнете планетата, што гледаме – подем на нелибералната демократија и на екстреми во Европа, повторното појавување на авторитарни режими кои ја ја доведуваат под прашалник животната енергија на демократијата во САД, кои делумно се повлекоа од светот Оваа ситуација ја влошуваат растечката неизвесност и проблемите – интензивирањето на кризата на Блискиот исток и во Персискиот Залив и нееднаквоста што се шири низ целиот свет “, рече францускиот претседател, додавајќи дека кризата “делумно произлегува од длабоката нееднаквост што ја создаде светскиот поредок и од исламскиот екстремизам “.

Според него, Европа нема друг избор освен да се стане лидер во борбата против нелиберализмот во Европа.

“Демократијата е родена во Европа. , САД ја сакаат слободата колку и ние но немаат исто чувство за правдата. Европа е единственото место во светот каде што слободата на поединцот, духот на демократијата и социјалната правда се толку тесно обединети. Затоа, сега се отвора прашањето дали Европа ќе успее во одбраната на силните вредности што со децении му ги даваше на светот или тие ќе бидат уништени од нелибералните демократии и авторитарни режими “?

Макрон оцени дека за помирување на европските граѓани со европскиот проект од клучно значење ќе биде да се заострат правилата за работниците и да се спречат компаниите да вработуваат евтина работна сила од другите земји од ЕУ, како и производството да се префрла во земји со пониски плати.

Макрон во изборната кампања ги критикуваше земјите од Централна Европа, како што се Полска и Унгарија за одбивањето да соработуваат околу бегалците и за непочитувањето на европските вредности. Сепак, во интервјуто за европските медиуми изјави дека не верува “во конфликт меѓу Истокот и Западот во Европа”, но предупреди дека некои европски лидери “напуштајќи ги принципите, и го врти грбот на Европа, со циничен пристап кон ЕУ, која им служи само како извор на финансии, а не ги почитуваат нејзините вредности. ”

“Европа не е самопослуга. Европа е заедничка судбина. Таа слабее кога нејзините принципи се отфрлени. Земјите во Европа кои не ги почитуваат правилата треба да бидат принудени да се соочат со политички последици. И тоа не е дебата меѓу Истокот и Западот”, рече тој, додавајќи дека со сите ќе зборува со почит но нема да ги жртвува европските принципи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП