29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска: МТСП подготвува Закон за социјално претприемништво

Царовска: МТСП подготвува Закон за социјално претприемништво

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска информираше дека Министерството подготвува Предлог текст на Законот за социјално претприемништво по што ќе биде спроведена јавна дебата со цел широка консултација за во него да бидат вклучени и забелешките и сугестиите на невладиниот сектор, како и искуствата и барањата на социјалните претпријатија кои работат во земјата.

„Како министер наследив неколку нивоа на разработен текст на закон со различни форми на понуда. Сега ги разгледувам и размислувам дека ако досега се размислуваше на социјалните претпријатија како можност за отворање нови работни места за лица во социјален ризик, сметам дека треба да го прошириме нивото на овој закон и да го прошириме по можност и за воспоставување на плурален систем на социјална заштита. Законот за социјална заштита тоа го дава но, со социјалните претпријатија ќе добиеме можност и самите социјално-ранливи групи да бидат обучени за нудење одредени сеевиси за поддршка на други групи на граѓани во Македонија”, рече Царовска.

Таа истакна дека голем дел од организации покажале успех во развој на социјални претпријатија, при што го посoчи примерот на Здржужението на граѓани „Покров“ кои направија посебна комуна во Струмица за рехабилитација на зависници од дрога, алкохол и коцка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП