28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве и Борусија го сакаат Мартинез

Јуве и Борусија го сакаат Мартинез

Jackson+Martinez+FC+Porto+v+Vitoria+Guimaraes+A0476GdMAOxl

Шампионот на Италија Јувентус има намера во својот тим да го доведе напаѓачот на Порто Џексон Мартинез. Генералниот директор на „старата дама“ Џузепе Марота си поставил за цел колумбискиот репрезентативец ова лето да пристигне во Торино. Според информации од Италија раководството на Јуве сака да започне преговори за Мартинез веднаш по крајот на сезоната.

„Старата Дама“ сепак ќе се сретне со сериозна конкуренција, затоа што и Борусија Дортмунд е заинтересирана за Мартинез. Финалистот во Лигата на Шампионите во Колумбиецот гледа одлична опција за заменик на Роберт Левандовски.

Медиумите во Германија тврдат дека Борусија ќе понуди 20 милиони евра за Џексон Мартинез, кој оваа сезона во португалското првенство има 25 гола во 28 натпревари. Но од Порто тешко дека ќе се сложат за помалку од 28 милиони евра да го продадат водечкиот напаѓач, затоа што токму на таа сума е заведена ослободувачката клаузула во договорот на Мартинез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП