17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

Европскиот извоз на земјоделски стоки го забави темпото

Извозот на земјоделски производи на Европската унија (ЕУ) почнува да го забавува растот и се враќа кон средните ниво за последните четири години. Ова станува јасно од последната статистика, изготвена од страна на Европската комисија (ЕК). Извозот на храна и земјоделски производи во 2016-та година беше рекорден.

Од податоците за април се гледа дека има намалување на извозот со 3,8% до 10,6 милијарди евра во однос на април 2016-та година. Генерално за последните 12 месеци (од мај 2016-та година до април 2017-та година) земјите од ЕУ изнеле земјоделски стоки во вкупна вредност од 133,2 милијарди евра, што е зголемување од 3,4 отсто.

На годишна основа во април, ЕК забележа раст на извозот на европските земјоделски стоки кон Турција и Јужна Кореја. Европските држави наоѓаат нови пазари во лицето на држави како Филипини, Сингапур и Индонезија. Во исто време, сепак се забележува опаѓање на традиционални партнери, како што се САД, кон кои извозот во април достигна вредност од 1,6 милијарди евра.Тоа е за 4,9 отсто помалку.

САД, Кина и Швајцарија се првите три главни партнери на ЕУ во однос на земјоделството. Во последните 12 месеци вкупниот извоз со овие три земји надминува 40 милијарди евра. Спрема периодот мај 2015-та година – април 2016-та година има раст во однос на извозот и за трите држави, а од посуштинско значење е тој кон Кина – 6,3 отсто. За САД зголемувањето е од 5,7%.

Главните стоки во европскиот извоз на земјоделски производи за месецот остануваат вината и алкохолните пијалаци. Во април европските извозници реализирале продажба на вино во странство во вредност 909 милиони евра, а на алкохолни пијалаци за 808 милиони евра. Извозот на инстант храна е за 586 милиони евра.

Во однос на увозот на земјоделски производи во ЕУ има раст како за април, така и за дванаесетте месеци до крајот на април, се гледа уште од статистиката. Податоците покажуваат дека растот за април е од 1,1% на годишно ниво до 9,7 милијарди евра.

За последните 12 месеци во ЕУ се увезени земјоделски стоки за 114 милијарди евра, што претставува зголемување од 1 отсто. Основни увозници се Бразил, САД и Аргентина, кои во периодот мај 2016-та година – април 2017-та година се увезени стоки во вредност од 28 милијарди евра во ЕУ. И за трите земји европските институции сепак забележаа пад на увозот.

Главно перо во увозот на земјоделски производи во април 2017 година се плодовите – тропски (за малку над 1 милијарда евра) и други (за 669 милиони евра). Земјите од заедницата увезле и кафе и чај во вкупна вредност од 638 милиони евра во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП