20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛибански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

Либански бизнисмени се запознаа со можностите за инвестирање во Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска прими делегација на претприемачи од Либан предводена од Самер Соуфан, претседател на Советот на бизнисмени од Либан и претставници од девет големи либански компании.

„Делегацијата од Блискиот Исток ја избра Македонија како можна земја за реализација на инвестиции во различни области како што се енергетиката, минералните суровини, туризмот, малите и средни претпријатија, а во Македонија претстојуваат за да се информираат од прва рака за законодавството и за условите кои ги нудат слободни економски зони во земјата“, соопшти Министерството за економија.

Министерот Бектеши рекол на средбата дека инвестициите од Либан би отвориле ново поглавје во соработка со Либан и со Блискиот Исток.

„Либанската делегацијата беше информирана од страна на министерот Бектеши со можностите за инвестирање во Македонија, а од нивна страна беше потенцирано дека либанските бизнисмени во текот на нивниот дводневен престој во Македонија ќе испитуваат различни дестинации за инвестирање“, соопшти Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП