19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

И ЕК има стравувања за одржливоста на грчкиот долг?

Грција има потреба од намалување на долгот, за да ја врати довербата на инвеститорите, и покрај желбата на Атина да излезе од програмата со готовински тампон од 9 милијарди евра. Ова го пишува во извештајот, подготвен од Европската комисија, цитиран од „Bloomberg“.

Агенцијата потсетува дека Грција доби пристап до 86 милијарди евра по третата спасувачка програма потпишана од премиерот Алексис Ципрас. Програмата истекува во август 2018-та година и според оценката на Брисел ќе има останале неискористени 27,4 милијарди евра.

Документот прави анализа на јавниот долг на нашиот јужен сосед, кој направи раздор меѓу кредиторите на земјата. И Европската комисија предвиде „сериозна загриженост за одржливоста на грчкиот јавен долг“, но пак изгледите се поголеми оптимисти од оние на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Сепак во Брисел признаваат дека грчкиот долг ќе достигне неверојатни 260% од бруто домашниот производ (БДП) во 2060-та година.

Институцијата со седиште во Вашингтон не учествува во финансирањето на грчката програма во последните три години, а причината се стравувањата дека долговите на Атина се нестабилни. Пред една недела Грција и кредиторите постигнаа компромис при прегледот на постигнатите реформи што отклучи нова монетарна транша од 8,5 милијарди евра. ММФ сепак инсистира за олеснување на долговите пред да го отвори повторно ќесето.

Сега и ЕК наведува дека Атина има потреба од дополнителни мерки, кои се поврзани со продолжување на рокот за отплата и грејс периодот за обврските и каматата што „ќе го врати грчкиот долг во стабилна состојба“.

Во извештајот на ЕК е реториката и сомнежот во врска со капацитетот на грчката влада да обезбеди високо ниво на буџетскиот суфицит во следните децении. „Во прилог има и ризици за економскиот раст поврзани со стареењето на населението и трендовите во однос на продуктивноста“, пишува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП