20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на кариерата најави Луис Хамилтон

Крај на кариерата најави Луис Хамилтон

Луис Хамилтон најави дека по завршувањето на оваа сезона би можел да стави крај на кариерата.

Возачот на Мерцедес ова го изјави во пресрет на Гран при викендот во Азербејџан, дополнувајќи дека сеуште не ја донел конечната одлука.

„Мојата судбина е во моите раце. Би можел да се пензионирам на кројот од сезоната. Не верувам дека моето наследство во Ф1 ќе биде помало сега отколку да се пензионирам за пет години“, рекол 32-годишниот Британец.

„Не сакам премногу да планирам. Не знам што ќе направам. Сакам луѓето да се сеќаваат на мене како што се сеќаваат на Аиртон Сена. Секогаш тој беше мојот идол. Сакам луѓето да се сеќаваат на Хамилтон како на жесток но поштен натпреварувач“, дополнил Хамилтон.

Оваа сезона трикратниот Ф1 шампион води голема борба со Себастијан Фетел за првото место во генерланиот пласман.

Хамилтон вкупно во кариерата има остварено 56 победи. На вечната листа пред него се наоѓа само Михаел Шумахер со 91 победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП