23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

УЈП најави засилени контроли дали се издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи најави засилен мониторинг на готовинскиот промет во делот на фискализацијата.

Од УЈП апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со цел избегнување на казни.

„Субјектите кои вршат промет на добра и услуги за кои плаќањето се врши во готово, задолжително да издаваат фискални сметки на потрошувачите, на начин пропишан со Законот за регистрирање на готовинскиот промет“, апелира УЈП.

Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а на адреса на УЈП постојано пристигнуваат и пријави за издавање на сметки кои не се фискални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП