20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

Повеќето Французи и Британци сметаат дека ќе има нови напуштања на ЕУ

Над половина граѓани на Велика Британија и Франција сметаат дека една или повеќе членки на ЕУ ќе ја напуштат Унијата во наредните неколку години.

Во анкетата направена од француската компанија „Ифоп“ учествувале 3.203 граѓани на Британија, Германија, Италија и Франција.

Една година откако Британците на референдум одлучија да излезат од ЕУ, денеска повеќе од половина од граѓаните сметаат дека за една година или повеќе Унијата ќе ја напуштат уште земји.

Со сличен став се и во Италија(50 отсто), Франција (42 проценти), како и во Германија (39 проценти). Од друга страна, пак, една третина Французи (33 отсто), Италијанци (32 отсто), како и 39 отсто Германци мислат дека ниту една земја веќе нема да ја напушти ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП