25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

На охридскиот аеродром слета првиот чартер лет од Полска

Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Аеродроми и еден од најголемите полски тур-оператори Рего-Бис.

Првиот чартер-лет, управуван од полската авиокомпанија „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines), пристигна од Катовице и донесе 220 полски туристи во убавиот Охрид.

„Исклучително сме среќни што го поздравивме пристигнувањето на оваа прва група со 220 туристи од Катовице на аеродромот ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид, одбележувајќи го оперативниот почеток на соработката со Рего-Бис. Како резултат на таа соработка, ќе имаме еден чартер-лет неделно, односно секој четврток, од Катовице, опериран од „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines) за време на летната сезона во 2017 година“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Тој најави дека од денеска, па сè до крајот на септември, на охридскиот аеродром ќе пристигнат вкупно 14 сезонски летови од Катовице.

Од ТАВ Македонија најавија дека следна дестинација од каде што се очекуваат полски туристи да пристигнуваат во Охрид е Варшава.

Се предвидува дека со летовите како и со автобуски превоз, преку 5.000 полски туристи ќе ја посетат Македонија оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП