25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen најде на кого да го продаде Ducati

Volkswagen најде на кого да го продаде Ducati

Подготвената продажба од концернот „Volkswagen“ на компанијата за производство на мотоцикли „Ducati“ е на пат да стане факт, соопштува агенцијата „Reuters“, според чии информации германскиот производител добил понуда од амерканската компанијата „Harley-Davidson“.

Се очекува на почетокот на следниот месец раководството на „Volkswagen Group“ ќе разговара за евентуалната зделка. Таа се проценува на 1,5 милијарди евра кои „Harley-Davidson“ ќе ја плати за да стане сопственик на „Ducati“. Американците веќе ангажирале финансиски консултант, кој ќе им помогне за трансакцијата. Тоа е компанијата „Goldman Sachs“.

Според неофицијалните податоци, за купување на „Ducati“ се заинтересирани уште неколку фирми. Една од нив е најголемиот индиски производител на мотоцикли, мопеди, мото рикши и други слични возила „Bajaj Auto“. Ова е трета по големина компанија во светот во оваа индустрија, како сопственик на 47% од холандскиот производител на мотоцикли „KTM“.

За намерите на „Volkswagen“ да се раздели со „Ducati“ стана јасно уште во април. Добиените средства од продажбата на производителот на мотоцикли ќе бидат насочени кон ликвидирање на последиците од скандалот со манипулациите со дизел моторите на германскиот производител.

Компанијата „Ducati“ беше купена од „Audi“ во 2012-та година, како Германците платија 860 милиони евра. Според аналитичарите, во моментов италијанската компанија чини околу 1,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП