24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузното шише рум од 10 илјади долари

Најлуксузното шише рум од 10 илјади долари

10 илјади долари чини шишето рум на познатиот произведувач на рум од Бермудските Острови, Гослинг брадерс лимитед.

Неодамна беше претставено едно од најлуксузните шишиња рум. Сериски обележеното шише на црниот рум Гослинг блек сил рум од 750ml се наоѓа во дрвена кутија, која е рачна изработка.

Ексклузивното пакување содржи стаклен чеп за шишето и книга со кожени корици во која точно се опишува процесот на производство. Креирани сe само 166 примероци од овој ексклузивен сет, по цена од 10 илјади долари.

Карибите се епицентарот на денешното производство на рум, со околу 80% од светското производство. Румот долго време се користел и за медицински потреби.

Посебно била позната британската морнарица, која на своите морнари им давала напитоци од рум и вино за да ги заштити од скорбут. Оваа мешавина била позната под името „Tot o’ rum“, а во румот и виното се додавало и лимета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП