24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпоред Шпигл Роналдо потпишувал фалсификувани документи

Според Шпигл Роналдо потпишувал фалсификувани документи

Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, би можел да се најде во големи проблеми бидејќи е откриен начинот на кој наводно избегнал да плати данок. Против Португалецот шпанските даночни власти покренаа постапка и тој треба пред судот да даде исказ на 31 јули.

Кристијано Роналдо е обвинет дека избегнал да плати данок во износ од 15 милиони евра, во периодот од 2011 до 2014 година. Наводно, тој во наведениот период приходите од продажбата на правата за користење на неговите фотографии ги скрил на Девствените Oстрови.

Германскиот весник „Шпигл“, во соработка со организацијата „Фудбал ликс“, која се занимава со откривање на разни договори во светот на фудбалот, ја открива шемата по која Португалецот ги криел парите.

„Фудбал ликс“ дошол до инкриминирачки документи кои откриваат дека Кристијано Роналдо преку „офшор“ компании на Девствените Oстрови ја сокрил споменатата сума.

Во договорот помеѓу Португалецот и компанијата „Толин“, која се занимава со регистрирање приходи, стои дека приходите од огласувањето во периодот помеѓу 2009 и 2014 година ќе пристигнуваат на сметка која е отворена на Девствените Острови. Роналдо, во текот на истрагата, на властите им го открил овој договор.

Меѓутоа „Фудбал ликс“ го открива нацрт договорот во кој пишува дека треба да биде внесено дека сметката „постои од 2008 година“, кога договорот бил потпишан.

Уште една индикација дека „работите не се чисти“ е и преписката од јуни 2009 година, според која приходите на Роналдо и понатаму оделе преку британската компанија за продажба на фотографии, иако во тој момент, според договорот кој лично го потпишал, тие права требало да одат преку компанијата „Толин“.

„Според шпанскиот закон, ваков начин на работење се смета за измама“, истакнал адвокатот, чија специјалност е економија, Рафаел Виљена.

Ова во превод значи дека напаѓачот на Реал потпишувал фалсификувани документи.

„Шпигл“, пак, истакнува дека адвокатите се обиделе да ја изманипулираат јавноста со тврдењето дека во 2004 година не се случила промена во работењето на „Толин“. Адвокатите говореле дури и дека Управата за јавни приходи на Велика Британија, бидејќи Роналдо играл во Манчестер Јунајтед до 2009 година, извршила контрола и заклучила дека сè е чисто.

„Роналдо имал добра совест и немал никаква намера да затаи данок“.

Сепак, документите до кои дошол „Фидбал ликс“ покажуваат поинаква вистина. Неговите придонеси, нешто што Португалецот не спомнал, припаѓаат на „Броктон фондацијата“ од Панама, чиј основач е неговата мајка.

Приходите од реклами во 2004 година се префрлени во „Толин“, но само од остатокот од светот, а не и од Велика Британија. Тековите на парите целосно оделе низ „Толин“ само во декември 2008 година, како што покажуваат документите тој целосно ја сменил корпоративната структура, што е спротивно од она што го тврдат адвокатите.

„Шпигл“ се обидел да добие одговор од Кристијано и неговиот адвокатски тим, но тие не сакале да го коментираат случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП