19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста сака да се врати на Винсенте Калдерон

Диего Коста сака да се врати на Винсенте Калдерон

Голгетерот на Челзи, Диего Коста, ги известил челниците на Атлетико дека има голема желба да се врати во Мадрид.

Диего Коста не се наоѓа во плановите за наредната сезона, кои ги крои менаџерот на Челзи, Антонио Конте, поради тоа тој изразил желба да се врати во Атлетико.

Сепак, доколку успее во намерата нема да може да игра до јануари бидејќи Атлетико во летниот преоден рок не може да регистрира фудбалери поради забраната од ФИФА.

Постои можност тој да биде купен од Атлетико, а потоа до јануари да настапува некаде како позајмен играч.

Диего Коста минатата сезона беше најефикасниот играч на Челзи во походот на титулата во Премиер лигата.

Инаку, Бразилецот со шпански пасош пред три години токму од Атлетико за сума од 40 милиони евра се пресели во Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП