20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се спушти под 45 долари

Цената на нафтата се спушти под 45 долари

Цената на нафтата од видот Брент вчера падна под 45 долари за барел, што е за првпат од 15 ноември минатата година.

Главен фактор за тоа беше веста дека производството на нафта во САД се зголеми во текот на изминатата недела за 20.000 барели дневно до рекордните во април 2015 година 9.35 милиони барели дневно.

Меѓу другите причини за падот на цените е и прогнозата за намалување на економијата на Кина. S & P вчера допушти намалување на кредитниот рејтинг на земјата, изјави директорот на Фондот за енергетска развој, Сергеј Пикин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП