25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПатрик Шик од Сампдорија се пресели во Јувентус

Патрик Шик од Сампдорија се пресели во Јувентус

Талентираниот напаѓач Патрик Шик (21) од Сампдорија се пресели во Јувентус за сума од 30 милиони евра, објави италијанскиот шампион.

Откупната калузула во договорот на Шик изнесуваше 25 милиони евра, но Јувентус реши да издвои пет милиони повеќе, само за да може обештетувањето да го плати во три рати, во наредните три години.

Инаку, Шик денес ја напушти базата на младата репрезентација на Чешка на ЕП во Полска, за да дојде во Торино, каде треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа и да потпише повеќегодишен договор со актуелниот италијански шампион.

Шик минатата сезона за Сампдорија постигна 11 голови во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП