29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNomura планира да ги премести своите операции од Лондон во Франкфурт?

Nomura планира да ги премести своите операции од Лондон во Франкфурт?

Најголемата брокерска куќа во Јапонија, „Nomura Holding“ го избрала Франкфурт за нова централа за своите активности во Европската унија, откако Велика Британија ќе излезе од неа, соопшти „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

„Nomura“ ќе ја започне подготовката овој месец за создавање на база во германскиот финансиски центар, вели еден од изворите, кој побарал анонимност поради доверливост на информациите. Компанијата ќе побара регулаторно одобрување и ќе отвори канцеларии, пред да ги пресели помалку од 100-те вработени од Лондон во германскиот град, вели изворот.

Овој чекор ја прави „Nomura“ првата јапонска компанија за трговија со хартии од вредност, која избира нова локација, за да си обезбеди бизнис во ЕУ по „Brexit“. Ова се случува и покрај загубата на мнозинство на изборите од премиерот Тереза ​​Меј во овој месец, а според некои ова може да ја доведе Велика Британија да побараат помек „Brexit“ со кој ќе се намали влијанието врз финансиската индустрија.

Франкфурт, каде е базирана Европската централна банка, се покажа како една од претпочитаните опции за глобалните банки кои сакаат да ги преселат вработените од Лондон. „Goldman Sachs Group“ и „Morgan Stanley“ веќе бараат канцеларии во градот, кој може да се претвори во новиот трговски центар во ЕУ, рекоа запознаени извори претходно во овој месец.

„Nomura“ која кон март има 3.026 вработени во Европа, главно во Лондон, размислува за варијанти како Минхен, Луксембург и Париз за европската активност. Кенџи Јамашита, портпарол на „Nomura“ во Токио, одбил да даде коментар за оваа одлука.

Компанијата со седиште во Токио ужива заживување на профитот во Европа во последно време по редицата штедења. Минатата фискална година таа го забележа првиот годишен меѓународен профит по седум години, откако се ослободи од 900 вработени, главно во Европа и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП