25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВечерва „Пинк Фолјд“ со Филхармонија во Градскиот парк

Вечерва „Пинк Фолјд“ со Филхармонија во Градскиот парк

Со музиката на „Пинк Флојд“, во оркестрација на Џијан Емин, вечерва од 21 часот во Градскиот парк во Скопјеќе се одржи традиционалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“. Главен вокал и гитара ќе биде Ади Имери.

Бендот е составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, електричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, придружни вокали.

За време на концертот, на големи платна ќе сликаат уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо, а посетителите ќе добијат бесплатен примерок од книгата „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.

Концертот ќе одбележи исклучителна сезона на Македонската филхармонија, исполнета со врвни концерти и конечното отворање на салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП