29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпоред Форбс, Бил Гејтс е најбогат жител на САД

Според Форбс, Бил Гејтс е најбогат жител на САД

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, е прв на листата за најбогат жител на САД според списанието „Форбс“.

Неговото богатство изнесува 88,9 милијарди долари, што го прави Гејтс и најбогат човек на планетата. Тој е најбогат човек на државата Вашингтон, доколку листата ги вклучува богаташите на одделните држави. На второ место е основачот на интернет компанијата Амазон, Џеф Безос, кој живее во истата држава, со богатство од 83,3 милијарди долари.

Во Небраска најбогат е инвеститорот Ворен Бафет, кој има богатство од 76,2 милијарди долари. Најбогатиот жител на Калифорнија е основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Зукерберг, со 62,4 милијарди долари. 33-годишниот претприемач ја предводи и листата за најбогати млади бизнисмени на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП