18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon ја укинува омилената опција - нема споредување

Amazon ја укинува омилената опција – нема споредување

Amazon секогаш бил добро место за споредување на понудата и цените. Често тоа било пресудно кога некој е неодлучен. А сега, компанијата, сака да ја укине токму таа опција.

Amazon започна да отвора класични продавници, кои станаа само една во низата на можности за купување преку нив.

Патентот наречен „Phisical Store Online Shopping Control“ го прикажува во детали механизмот со кој продавниците би можеле да блокираат одредени интернет страници и зборовите во внатрешноста на претрагата, но само кога купувачот се наоѓа споен на Wi-Fi-то на Amazon.

Сега се обидува тие информации да ги заврти во своја корист. На пример, ако системот забележи дека го користите нивниот Wi-FI за да ги споредите цените на некој произвoд кај конкурентот, тој едноставно би можел да го одбие вашето барање за отворање на таа веб страна. Втората можност е автоматски да ви понуди сличен или ист производ кој се наоѓа во продавницата, со споредување на цената.

Можно е корисниците кои ќе отворат друг понудувач да добијат и купон, ако кај конкурентот тој производ е поевтин. Системот и на работниците ќе им овозможи да ја знаат вашата точна локација по пат на сигналот. Потоа, трговецот ќе му пријде на купувачот, и веднаш ќе започне со нудењето на производи.

Иако овој патент дури сега излезе во јавност, тој е ставен на одобрување уште во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП