28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Ова е прв тест на довербата од 2014

Ципрас: Ова е прв тест на довербата од 2014

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција „многу брзо“ ќе биде во позиција повторно да се врати на пазарите за обврзници.

Тоа, како што кажа, за Атина ќе биде првиот тест за довербата на инвеститорите од 2014 година.

Ципрас додаде дека тоа е резултат на минатонеделниот договор со европските кредитори, што го ублажи стравот од можното повторно соочување на Грција со банкрот, пренесува агенцијата АП.

Исто така, приносите на грчките обврзници значително паднаа, при што каматите на 10-годишните обврзници се лизнаа на 5,5 проценти.

На Грција, како што оценува АП, и е потребен пристап до пазарите за обврзници со цел да дојде до средства за подмирување на своите долгови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП