25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Costa Coffee оствари раст на продажбата од 7,6%

Сопственикот на Costa Coffee оствари раст на продажбата од 7,6%

Британската компанија „Whitbread“ која управува со синџирот на кафулиња „Costa Coffee“ и хотелите „Premier Inn“, забележа раст од 7,6% на продажбата за првиот квартал по подоброто претставување и на двата бизниси, соопштува „Ројтерс“.

„Whitbread“, која претходно предупреди дека претстојат потешки услови за трговијата, во средата изјави дека нејзиното претставување во 13-те недели до 2-ри јуни е во согласност со нејзините очекувања.

Резултатите сепак ги надминуваат прогнозите на барем тројца аналитичари што утрото ги испрати акциите на компанијата со 5,1% нагоре до 40.5 фунти и ја претвори во најдобро претставивените во индексот „FTSE 100“.

Во коментар кон клиентите, „Deutsche Bank“ го нарече ажурирањето „смирувачко“ поради позитивните податоци за сите бизниси.

Продажбата за првиот квартал на синџирот „Costa Coffee“ порасна за 8,7% на месечна основа, а на „Premier Inn“ – со 9,2%, така што приходите на соба од имотите и во Лондон се зголемија за 2,8%.

„„Costa“ ја започнува годината добро, а „Premier Inn“ продолжува да го подобрува уделот (од пазарот) и покрај послабите очекувања на хотелскиот пазар“, рече „Whitbread“.

Продажбата од кафулињата „Costa Coffee“ на годишна основа се зголеми за 1,1% за 13-те недели до 1-ви јуни, како за споредба, во претходните три месеци – последни за финансиската година, бизнисот забележа намалување од 0,8%.

Продажбата на „Costa“ е потпомогната и од стабилното претставување на кафулињата со пијалоци само за дома и воведувањето на нови производи за појадок на крајот на првиот квартал, изјавија од „Whitbread“.

Компанијата исто така, рече дека планира да отвори околу 4.200 хотелски соби и 230-250 кафулиња „Costa“ во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП