29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏек Ма: По 30 години луѓето ќе работат само по 4 часа...

Џек Ма: По 30 години луѓето ќе работат само по 4 часа на ден

Џек Ма можеби е типичен пример за придобивките од глобализацијата – со образование за учител, тој го основал гигантот за онлајн трговија „Alibaba“ во 1999-та година, а сега е милијардер.

Сега тој предвиде друга корист за луѓето – драматично пократка работна недела.

Во интервју за „CNBC“, Ма изјави дека во текот на следните три децении „луѓето ќе почнат да работат само по четири часа на ден и можеби по четири дена во неделата. Мојот дедо работеше по 16 часа на ден, обработувајќи земјоделско земјиште и мислеше дека е многу зафатен. Ние работиме по осум часа на ден, пет дена во неделата и мислиме дека сме многу зафатени“.

Прогнозата на Ма е речиси иста како онаа на економистот Џон Мејнард Кејнз од 1930-та година, кога тој вели дека по 100 години работната недела ќе биде многу кратка, од редот на околу 15 часа, бидејќи автоматизацијата се повеќе ќе ги презема материјалните потреби на луѓето.

Според Ма во иднина луѓето исто така ќе можат да почиваат на многу повеќе места.

„Обичните луѓе посетуваат околу 30 места. По 30 години тие најверојатно ќе посетуваат 300 места“, вели Ма.

Поранешниот учител, сепак, предупреди дека достигнувањето до оваа фаза од иднината нема да биде пријатно, велејќи дека „следните 30 години ќе бидат болни“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП