19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Индија до 2024 година ќе ја престигне Кина по бројот на...

ОН: Индија до 2024 година ќе ја престигне Кина по бројот на жители

На планетата Земја живеат 7,6 милијарди луѓе, а тој број ќе се зголеми на 9,8 милијарди до 2050 година и на 11,2 милијарди до 2100, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.

Во извештајот на Економско-социјалниот совет на ОН се наведува дека светската популација ќе се зголемува секоја година за околу 83 милиони луѓе.

Според таквите проекции, се очекува Индија да ја престигне Кина по бројот на жители до 2024 година. Во Индија сега живеат околу 1,3 милијарди луѓе, а во Кина 1,4 милијарди.

Од 10 земји со најголем број на жители, најбргу ќе се зголемува популацијата на Нигерија.

Нигерија сега е седма по ред во светот по бројот на жители, а ОН предвидува дека до 2050 година ќе ги престигне САД и ќе стане трета земја со најбројно население, зад Индија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП