19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерство за финансии: Позитивна реакција на пазарите за Македонија

Министерство за финансии: Позитивна реакција на пазарите за Македонија

Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, соопшти денеска Министерството за финансии.

Според надлежните, показател за тоа е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари.

„Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување. Стапката на принос на последната еврообврзница што доспева во 2023 година, до средината на мај постојано беше над 4,5 отсто, а денеска е сведена на 3,9 проценти, што е историски најниско ниво за оваа еврообврзница“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП