23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAmazon ќе прави паметен телефон со 3D екран

Amazon ќе прави паметен телефон со 3D екран

amason

Интернет-маркетот „Amazon“ ќе развива паметен телефон со 3D приказ, а за неговата целосна употреба нема да се потребни специјални очила.

Телефонот ќе има и систем за следење на очите на корисникот, слична на онаа што се користи од страна на „Samsung“ во „Galaxy S4“. Верзијата на „Amazon“ сепак ќе овозможува поголема контрола над вашиот мобилен телефон.

Некои од изворите тврдат дека системот ќе се користи и за „рефокусирање“ на 3D сликите според очите на корисникот. На тој начин тродимензионалниот ефект ќе биде видлив од повеќе агли на набљудување, а не само од еден.

Според некои медиуми паметниот телефон може да биде и само прототип, затоа што компанијата започнале со внатрешна иницијатива за развивање на различни концептуални уреди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП