25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУживајте на кристалните плажи на Малдивите во Constance Moofushi Maldives Hotel (фото)

Уживајте на кристалните плажи на Малдивите во Constance Moofushi Maldives Hotel (фото)

Хотелот Constance Moofushi Maldives се наоѓа на кристалниот брег на јужниот дел од групата острови Ари, на 30 минути лет од Малеа, главниот град на Малдиви.

Поставен на одделен остров, хотелот е опкружен со бујна вегетација, плажи од целосно бел песок и кристално чисти води на океанот, а претставува идеално место за одмор кое воздивнува со посебна мешавина на луксуз и едноставност.

На гостите на располагање им стојат бројни балкони, тераси и куќички на плажа со уникатен поглед на Индискиот океан.

Овој хотел поседува низа едноставни, но префинето декорирани вили, кои можат да бидат на белите плажи или поставени над проѕирниот тиркизен океан.

Хотелот нуди и низа најпрефинети светски специјалитети, пијалоци и десерти кои дополнително ќе ве разгалат. За дополнителна релаксација на услуга ви се и неколкуте видови на спа третмани, кои ќе ве релаксираат.

Гостите исто така имаат опција да го истражуваат и околниот морски свет, да пловат со брод, да нуркаат, да се дружат со делфините и уште многу други нешта.

Уживајте во фотографиите…

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП