24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрограмата на новата британската влада беше изнесена од Кралицата

Програмата на новата британската влада беше изнесена од Кралицата

Британската кралица Елизабета Втора денеска во парламентот ја изложи програмата на новата влада на Велика Британија во која доминираат подготовките за излез на земјата од Европската Унија, пренесуваат британските медиуми.

Како што пренесуваат медиумите, говорот на кралицата бил краток, што според нив, претставува одраз на намалувањето на моќта на британската премиерка Тереза Меј, по катастрофалниот резултат од превремените избори, на кои изгуби голем број пратеници.

Кралицата најави формирање нова комисија за борба против тероризмот и донесување стратегија за борба против тероризмот која ќе се однесува на казни за терористички делувања и сузбивање на екстремизмот на интернет. Таа најави и донесување закон за вооружени сили. Британската кралица ги продолжи своите државни обврски и покрај тоа што нејзиниот 96-годишен сопруг се наоѓа во болница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП