25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро не си заминува од „Етихад“

Агуеро не си заминува од „Етихад“

Серхио Агуеро нема намера во летниот преоден рок да го напушти Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми. Договорот на Аргентинецот го врзува со Сити уште две години.

„Задоволен сум овде и ќе останам тука до крајот на договорот. Не сум размислувал каде би можел да ја продолжам кариерата. Насочен сум само на својата работа во Сити“, рекол Агуеро.

„Мислам дека немав лоша сезона. Бев во добра форма. Пропуштив неколку натпревари и поради тоа не бев во можност да му помогнам на тимот, но кога ќе се погледне целата сезона, мислам дека играв добро“, дополнил Аргентинецот.

Иако дел од сезоната пропушти поради повреда, а дел мина на клупата, Агуеро беше најдобар стрелец на Сити со 33 постигнати голови во сите натпреварувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП