20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБајрамовска ќе ја продолжи кариерата во редовите на ЖРК Вардар

Бајрамовска ќе ја продолжи кариерата во редовите на ЖРК Вардар

Мирјета Бајрамовска (32) по три години се враќа во Македонија и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Вардар.

Бајрамовска договори едногодишна соработка со европскиот вицепрак, а во „Јане Сандански“ доаѓа од Крим.

„Заемниот интерес за соработка е клучот на мојата одлука да потпишам за Вардар, а можеби и тука да ја завршам кариера. Секој спортист сака да биде првак на Европа и да ја освои Лигата на шампионите, а тоа може само со неколку клубови во Европа, а меѓу нив е Вардар. Уште поголем императив е со македонски клуб да се борам за титулата во ЛШ, и би сакала и јас да дадам свој придонес во тоа. Секогаш сакам да бидам во клуб каде професионализмот е на прво место, и кога секој си ги извршува задачите, резултатите се неизбежни. Инфраструктурата и условите што ги има Вардар се најдобри во Европа. Сакам да се заблагодарам на менаџерскиот тим на Вардар и сопственикот Сергеј Самсоненко за укажаната доверба за која максимално ќе се посветам да ја оправдам со моите настапи“, изјавила Мирјета Бајрамовска за клупската интернет страница.

Бајрамовска е второто засилување за Вардар во пресрет на новата сезона, откако претходно клубот договори соработка со репрезентативката Јована Саздовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП