24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram Stories веќе има 250 милиони дневно активни корисници

Instagram Stories веќе има 250 милиони дневно активни корисници

Функционалноста „Instagram Stories“ веќе има 250 милиони дневно активни корисници, на тој начин ја надминува сериозно конкурентната функција на „Snapchat“, пренесува „CNBC“, повикувајќи се на потпретседателот и маркетинг директор на сопственикот на „Instagram“ – „Facebook“, Каролин Еверсон.

„Само ако размислиме – пред година во тоа време „Instagram Stories“ воопшто не постоеше“, вели Еверсон пред „CNBC“. „Денес на платформата не само што имаме 250 милиони луѓе кои ја користат, но една третина (од најпосетените приказни) се компании кои ја користат „Instagram Stories“, а 1 милион се реклами“.

„Instagram“ ја додаде можноста за „Stories“ во август 2016-та година. Таа им овозможува на корисниците да објавуваат постови за 24-часовен период – функција, слична на функционалностите на конкурентот „Snapchat“. Кон јануари „Instagram Stories“ имаше 150 милиони месечни активни корисници.

„Овој раст на корисниците всушност се случува во услови на експлозивен раст на „Instagram“ како целина. Сега имаме 700 милиони глобални корисници“, додава Еверсон.

„Stories“ за прв пат се пофали дека го претекна „Snapchat“ во април, кога објави дека има 200 милиони дневно активни корисници.

Што знаеме за „Snap“? Платформата има 166 милиони дневно активни корисници кон мај. Акциите на „Snap“ поевтинија со 3 отсто, откако беше објавена новата информации за бројот на корисници на „Instagram Stories“.

Истовремено Еверсон ги отфрла обвинувањата за копирање на функционалности, велејќи дека „Facebook“ ја развил идејата за формата со вестите област кој „Instagram“ и други компании во моментов се користат. „На луѓето и бизнис сферата им се допаѓа формата на „Stories““, вели таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП