20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали работите од задоволство или само за пари?

Дали работите од задоволство или само за пари?

Сигурно парите се една од главните причини за одењето на работа, но многумина ја ценат работата и од сосема други причини…

Според истражувањето на компанијата „Accenture“ спроведено меѓу 41.000 вработени од целиот свет, околу 42 проценти од мајките и 44 проценти од татковците повеќе сакаат да одат на работа, отколку да седат дома. Она што е чудно е тоа што оваа желба е сепак силна дури и кога тие не заработуваат доволно.

Дури 48 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни со својата сегашна работа иако некои од нив сметаат дека се помалку платени или немаат шанси за напредување.

Директорката на компанијата која го спроведе истражувањето, Нали Бореро, и самата изјавила дека и таа може да се идентификува со резултатите.

„Можно е да се избалансира работата со приватниот живот, но за тоа е потребен голем труд за да постои рамнотежа“.

Резултатите на ова истражување воопшто не ја изненадија Бореро бидејќи таа смета дека децата не страдаат кога нивната мајка има работа.

Жените се познати по своите вештини да се снајдат во повеќе работи одеднаш. Истражувањето покажува дека тоа е вештина која во иднина ќе биде повеќе ценета. Така 57 проценти од шефовите го издвојуваат мултитаскингот како најважна вештина, а на второто место се наоѓа познавањето на странски јазици. На третото место е тимската работа, а на четвртото познавањето на работата на компјутер.

Дури 71 процент од надредените сметаат дека до 2020 година бројот на жени на високите позции значително ќе се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП