28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга на Евгениј Хоуп - „Годините кога научив да летам“

Нова книга на Евгениј Хоуп – „Годините кога научив да летам“

Во Клуб Матица на Булеварот на книгите, в четврток, 22.06.2017, во 20.00 часот ќе биде промовирана новата книга на Евгениј Хоуп со наслов „Годините кога научив да летам“.

Авантура. Мистерија. Филозофија. Ова е приказна која зборува за решителноста на еден млад човек да напушти сѐ во животот и да тргне на патување низ европските патишта со една цел – да го најде внатрешниот мир на островот, за кој и не е сигурен дали воопшто постои.

„Годините кога научив да летам“ е симбол за 30.000 километри поминати во автостоп низ Европа на писателот Евгениј Хоуп.

„Одбив со себе да го понесам клучот од семејната куќа“, реков. „Немам потреба од таков спомен. Тоа би значело секојдневно потсетување на лажната припадност. Да беше онаа вистинската, немаше да трагам по островот туку ќе си останев таму од каде што побегнав. Поточно, заминав“ – извадок од „Годините кога научив да летам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП