25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДвајт Хауард замина од Атланта и се пресели во Шарлот

Двајт Хауард замина од Атланта и се пресели во Шарлот

Атланта и Шарлот во текот на изминатата ноќ реализираа интересен „трејд“, во кој најзвучно име е центарот Двајт Хауард.

Двајт Хауард по само една сезона во Атланта го напушта тимот и кариерата ќе ја продолжи во Шарлот Хорнетс.

Во замена за Хауард, Атланта ги доби Мајкл Палмли, Марко Белинели и 41. пик на овогодишниот драфт. Шарлот, покрај Хауард, ќе го добијат и 31. пик на драфтот.

Сопственикот на Шарлот, Мајкл Џордан, му ја исполни желбата на тренерот Стив Клифорд и го донесе Хауард во тимот.

Клифорд и Хауард соработуваа успешно во Орландо во 2009 година, кога тој му беше помошник на Стен Ван Ганди. Орландо во 2009 година играше во финалето во НБА лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП