20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot конечно направи пикап (фото)

Peugeot конечно направи пикап (фото)

Брендот „Peugeot“ е многу популарен во дел од африканските земји, кои се поранешни француски колонии. Кај нив главно возило е пикап – машина, каква компанијата досега не предлагаше. Овој проблем е веќе решен, при тоа со минимален напор од страна на „Peugeot“.

Во случајот Французите се обратиле кај својот кинески партнер „Dongfeng“, со кој имаат заедничко вложување. За возврат Кинезите кои соработуваат со „Nissan“ и до пред некое време го произведуваа теренецот „Nissan Xterra“. Токму овој модел од 2014-та година е во основата на пикапот „Dongfeng Rich Pickup“ кој веќе ќе се нуди и во Африка, но со амблемот на „Peugeot“.

Автомобилот ќе продолжи да се произведува во Кина. Должината му е 5008 мм, а ќе биде достапен со заден пренос или со систем за погон на сите четири тркала со блокирање на задниот диференцијал и демултипликатор. Носивоста на пикапот е 620 кг, а клиренсот е 215 мм.

„Peugeot Pick Up“ ќе се нуди само со 2,0-литарски турбодизел со моќност од 115 КС и 280 Nm вртежен момент, кој ќе се комбинира со 5-брзински мануелен менувач. Во опремата влегуваат хидрауличен засилувач на воланот, две воздушни перничиња, клима, електрични стакла, „ABS“, преден и заден парктроник, аудио, електрично регулирање на стаклата и централно заклучување.

Цените на пикапот ќе станат познати при стартот на продажбата во август. Во „Peugeot“ планираат со помош на овој модел значително да го зголемат присуството на африканскиот пазар, каде сега продаваат околу 55.000 автомобили годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП