20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп вети дека ќе го намали, а минусот се поголем

Трамп вети дека ќе го намали, а минусот се поголем

Дефицитот во тековните плаќања на САД, како најшироко мерило за надворешната трговија, порасна во првиот квартал од тековната година на највисокото ниво за една година.

Дефицитот во тековните плаќања во периодот јануари-март порасна на 116,8 милијарди долари, што е за 2,4 проценти повеќе во однос на 114 милијарди долари од последните три месеци во 2016 година и најголем дефицит во последната година, покажуваат податоците на Министерството за трговија на САД кое го пренесува агенцијата АП.

Дефицитот во трговијата со стока пораснал на 200,3 милијарди долари од 195,1 милијарда долари од периодот октомври-декември 2016 година.

Билансот на тековните плаќања е најкомплетното мерило за надворешната трговија, бидејќи покрај трговијата со стока и услуги, опфаќа и движење на инвестициите.

Како што потсетува АП, претседателот на САД Доналд Трамп вети дека ќе го намали трговскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП