20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата најевтина од ноември минатата година

Нафтата најевтина од ноември минатата година

Цената на барелот нафта на берзата во Лондон за испорака во август опадна вчера за повеќе од два проценти, на помалку од 46 долари, што е најниската цена од 29-ти ноември 2016 година, јавува ТАСС.

Цената на барелот во САД вчера беше најниска во последните седум месеци и достигна 44,2 долари. За падот на цената придонесува зголемувањето на производството во Америка во последните 22 недели, како и извештајот за отворањето на дополнителни нафтени бушотини минатата недела.

Презаситеноста на пазарите со нафта врши притисок на цените веќе три години. Членките на ОПЕК и Русија го намалија дневното производство во јануари, но на пазарите и понатака има премногу нафта, а складиштата ширум светот се преполни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП