28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавни набавки: третина од тендерите во 2016 година со по еден понудувач

Јавни набавки: третина од тендерите во 2016 година со по еден понудувач

Во 2016 година дури 23 отсто од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите отколку помалите тендери. Речиси секој трет тендер е со еден понудувач.

Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година. Ова се заклучоците од извештајот на Центарот за граѓански комуникации кој е објавен денеска. Извештајот се однесува на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година.

Во мониторингот се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите. „Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра. Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55 отсто од мониторираните постапки“, се наведува во извештајот.

Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20 отсто повисока од 2015 година.

Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра.

До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година доставени се само 557 жалби од фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од 3 отсто, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП