23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 13 до 17 часот во прекин сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Од 13 до 17 часот во прекин сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo претежно суви коловози. На патниот правец Р1202 Маврово–Дебар на делот од с.Рајчица – Мелнички мост, поради асфалтирање, сообраќајот ке биде во прекин во двата правци од 13.00 до 17.00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП