24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите фудбалери ремизираа со Србија (видео)

Младите фудбалери ремизираа со Србија (видео)

Младите македонски фудбалери ремизираа со Србија 2:2 (0:1), во второто коло на Европското првенство во Полска. Првиот бод на Македонија ѝ го донесоа Барди и Ѓорѓев, кои постигнаа голови во второто полувреме.

Македонските недежи спротивно од натпреварот со Шпанија одиграа лоши 60 минути, но влегувањето во игра на најмладите Елмаз и Ѓорѓев ја раздвижи играта и токму овие двајца беа најзаслужни за пресвртот и водството од 2:1. На крајот Србија израмни во 90. минута, а минута подоцна Србите го погодија дирекот, па натпреварот заврши со резултат кој не им одговара ниту на едните ниту на другите.

Бледо, без доволно енергија и неорганизирано делуваа избраниците на Благоја Милевски во првото полувреме. Среќа што Србите искористија само една од трите шанси и тоа преку Гачиновиќ кој во 24. минута ја искористи нерешителноста на македонската одбрана и меѓу четворица противнички играчи го совлада Алексовски.

Македонија во првиот дел имаше само еден обид кон голот на Србија, но ударот на Барди во 43. минута го одби во корнер Милинковиќ-Савиќ.

Барди се обиде и на стартот од второто полувреме, но српскиот голман повоторно добро интервенираше.

Македонија израмни од пенал кој го реализираше Барди во 64. минута. На пеналот му претходеше акцијата на Елмаз и Радески. По центаршутот, Елмаз Живковиќ играше со рака.

Од тој момент Македонија делуваше подобро на теренот, а до предност стигна преку Ѓорѓев. Играчот на Грасхопер во 83. минута постигна убав гол од работ на шеснаесетникот.

Три минути подоцна, во центарот на вниманието беше голманот Алексовски кој со брилијантна одбрана го спаси својот гол по ударот на Ожеговиќ.

Сепак, Македонија не успеа да ја задржи предноста. Во 90. минута по центаршутот на Живковиќ, Маркоски не успеа да го задржи Ѓурѓевиќ на втората статива и напаѓачот на Партизан погоди од непосредна близина.

Веќе во наредниот напад Србија можеше да постигне и трет гол, но ударот на Живковиќ заврши во дирекот.

По овој меч двете селекции имаат по еден бод. Во третото коло, последно во групата Б, Македонија на 23. јуни ќе игра против Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП