19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартуваше третиот ракометен камп "Кирил Лазаров 7"

Стартуваше третиот ракометен камп “Кирил Лазаров 7”

Попладнево во хотелот „Аквалина“ во Охрид со поздравен говор на Капитенот Кирил Лазаров и официјално беше отворен третиот по ред Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. 

„Ви благодарам што се одлучивте да бидете дел од нашиот камп, со некои од вас се знаеме и се тука по втор или третпат. Тоа покажува дека нашиот тим на овој камп изминативе години работел квалитетно и ја имаме вашата доверба. Им благодарам на сите тренери кои покрај тоа што се стручни, се и прекрасни луѓе и кои безусловно ја прифатија мојата покана. Ќе работиме многу, тренираме, забавуваме, бањаме и ќе се обидеме да ви дадеме правилна насока. Сигурен сум дека задоволни по поминати седум прекрасни дена задоволни ќе си заминете од Охрид“ – Кирил Лазаров, идеен творец на кампот.

Покрај тоа што ги поздрави присутните учесници од првата смена која од 20 -26 Јуни ќе се одржи на самиот брег прекрасното Охридско езеро, Лазаров го претстави тимот од тренери кои ќе работат со 150 учесници од оваа смена. Данило Брестовац, Владимир Гигоров, Бранко Ангеловски, Борче Марковски, Малден Ракечевиќ, Горан Кузмановски, Оливера Кецман, Ице Соколески, Наум Јамандиев, Лилјана Новоселска Трпчевска и Дејан Коцарески го составуваат дел од тимот кој ќе работи со децата.

Исто така, организаторот на овој камп најави дека за време на кампот ќе се организираат повеќе предавања во делот на здрава исхрана како предуслов за заштита од повреди, активности во кои учесниците ќе имаат можност да го покажат својот талент во пеење и сликања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП