18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпоред Меркел еврозоната е подготвена за реформи

Според Меркел еврозоната е подготвена за реформи

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази денеска подготвеност да разговара за идеите поврзани со реформа на еврозоната што ги предложи францускиот претседател Емануел Макрон.

„Европската кохезија меѓу државите од еврозоната не е задоволителна“, рече конзервативната канцеларка на собир на индустријалци во Берлин.

Таа додаде дека може да се размислува за „заеднички министер за финансии“ или за буџет на еврозоната доколку бидат исполнети основните услови.

Меркел им рече на бизнис лидерите дека нема да се откаже од договорот за слободна трговија меѓу САД и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП