29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДосега се поднесени над 2.600 барања за субвенции за купување велосипед

Досега се поднесени над 2.600 барања за субвенции за купување велосипед

Градот Скопје досега примил над 2.600 барања за добивање субвенции за купување велосипед на граѓаните што купија нов велосипед и се пријавија на распишаниот јавен повик, со што се исцрпени средствата предвидени во буџетот за оваа намена.

Поради тоа од утре нема повеќе да бидат примани нови барања за субвенции за надоместок на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди.

„Комисијата активно ги разгледува пристигнатите барања, по редоследот на поднесувањето на барањата и изготвува решенија за исплата на средствата на граѓаните коишто ги поднеле“, соопштија од Градот.

Со цел да ги стимулира граѓаните во што поголем број да го користат велосипедот како превозно средство, Градот Скопје во мај објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците при купување велосипед во висина од 50% од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари по лице.

За оваа намена Градот Скопје одвои 10 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП