19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте добива нов договор и 9,5 милиони евра годишно

Конте добива нов договор и 9,5 милиони евра годишно

Челзи ќе му ја зголеми платата на менаџерот Антонио Конте, кој во својата деби сезона на клупата на „сините“ ја освои титулата во Премиер лигата.

Две години пред да му истече актуелниот договор Челзи на Конте ќе му понуди нов до 2021 година, според кој годишно ќе заработува 9,5 милиони евра.

Поголема плата во Англија од Конте ќе имаат само менаџерите на манчестерските тимови Јунајтед и Сити, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Конте сега може да се насочи кон засилувањето на тимот за новата сезона, а примарни трансфер цели му се напаѓачот на Евертон Ромелу Лукаку, играчот од средниот ред на Монако Тимуе Бакајоко и голманот на Манчестер Сити, Вили Кабаљеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП