25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо спомен куќата на поп-ѕвездата Тоше Проески започна „Крушево воркшоп 2017“

Во спомен куќата на поп-ѕвездата Тоше Проески започна „Крушево воркшоп 2017“

Денеска, во Спомен куќата на поп-ѕвездата Тоше Проески во Крушево почна со работа бесплатна музичка работилница „Крушево воркшоп 2017“. На неа присуствуваат триесеттина млади гитаристи од земјава.

Работилницата ќе трае три дена, а ќе заврши со заеднички концерт на сите учесници кој ќе се одржи на 22 јуни пред платото на Спомен куќата во 18 часот. Оваа година ментор на работилницата е гитаристот Дамјан Пејчиноски, кој во следните три дена на младите музичари ќе им пренесе дел од своето знаење, техники и пристап во свирењето.

Овој проект има за цел да го популаризира свирењето на музички инструменти кај нас, а воедно да ја позиционира Спомен куќата на Тоше и градот Крушево како едукативен музички центар во регионов. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на „Трето уво“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП